Mладиот јапонски фудбалер Хироки Абе преминува во Барселона потврдено е од Кашима Антлерс.
20 годишниот напаѓач Хироки Абе од Кашима Антлерс ќе премине во Барселона, потврдено е од јапонскиот клуб. Се очекува после медицинските прегледи да потпише повеќегодишен договор, но никакви детали не се соопштени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За две ипол години во Кашима напредував многу. Со нетрпение го чекам предизвикот во Барселона, иако ми беше тешко да ја напуштам Кашима. Се надевам дека ќе ги помина бројните препреки кои ќе ми се појават на патот“, порача Абе.
Абе е најдобриот млад играч на Јапонија. За три години во Кашима одигра 64 натпревари и постигна девет голови. Тој е вториот Јапонец кој пристигнува во Шпанија, откако Реал Мадрид го купи Такефушо Кубо.
OFFICIAL: Barcelona have reached an agreement to sign Kashima Antlers and Japan star Hiroki Abe ✍️
That last finish reminds us of a certain Lionel Messi ? pic.twitter.com/bOcJbii1CB
— Goal (@goal) July 12, 2019