Дома Трансфер зона „Го мразам ПСЖ, подобро би умрел, отколку да играм таму“

„Го мразам ПСЖ, подобро би умрел, отколку да играм таму“

Во професионалниот фудбал обично нема место за многу емоции кај играчите, но не и во случајот на напаѓачот на мексиканскиот Тигрес, Андре Пјер Жињак, кој знае за кој клуб никогаш не би играл.

Жињак во Франција играше за Лориен, Тулуз и Марсеј, од каде во 2015 година на големо изненадување се пресели во Мексико.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Го мразам Пари Сент Жермен, подобро би умрел отоколку да играм за нив. Дури и да ми понудат 10 пати повеќе пари од колку што заработувам сега, пак ќе ги одбијам“, изјави францускиот репрезентативец.

31-годишниот голгетер е голем фан на Марсеј и не крие дека уживал кога Барселона го елиминираше ПСЖ со 6:1 на „Камп Ноу“.

„Немате поим колку се радував и викав кога Барселона го постигна шестиот гол. Вриштев и трчав од среќа. Дури и мојата сопруга се уплаши од мојата реакција“, призна Жињак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…