Дома Фудбал Гвардиола го “краде“ големото засилување на Манчестер Јунајтед

Гвардиола го “краде“ големото засилување на Манчестер Јунајтед

Иако Манчестер Јунајтед веќе долго преговара со Спортинг околу трансферот на Бруно Фернандес, сега во трката влегува и неговиот градски ривал.

Имено, Гвардиола не крие дека е голем љубител на стилот на игра на Фернандес и спремен е да го донесе во Сити.

Наводно, Сити веќе тргнале во “лов“ на Фернандес, откако оваа недела започнале преговори со челниците на Спортинг.

Сепак, не е познато каков ќе биде конечниот исход на овие преговори, но кога станува збор за Сити и Гвардиола знаеме дека ретко кога биле поразени.

Освен Фернандес, тренерот на Сити наводно тргнал и по Дани Алвас, кој е слободен играч, а Гвардиола сака повторно да соработува со него.

Останува да видиме дали ќе успее Манчестер Сити да ги донесе овие играчи, посебно ако знаеме дека Алвес има желба да се врати во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино се поврзува со Јунајтед: во план пет засилувања и голема чистка

По отказот за Мајкл Керик, Маурисио Покетино се споменува како негов наследник. Според Инд…