Дома Видео Потег за инфракт: Голманот на Сенегал за момент предизвика шок кај навивачите

Потег за инфракт: Голманот на Сенегал за момент предизвика шок кај навивачите

Сенегал вчера во Каиро успеа со 1:0 да ја совлада селекцијата на Бенин во четвртфиналето на Афричкиот куп на нации.

Репрезентацијата на Сенегал беше подобра, но не беше ни малку лесно да го скрши отпорот на Бенин, репрезентација која е една од изненадувањата во досегашниот дел од натпреварувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победата на Сенегал ја донесе Идриса Гуеје во 69. минута, но само неколку минути претходно Бенин можеше да стигне до водство.

Еден фудбалер на Сенегал ја врати топката до голманот Гомис, а тој сакаше да ја исфрли.

Сепак, беше невнимателен па топката му помина преку нозете и тргна кон голот.

За негова среќа, помина за малку покрај стативата, а тој после тоа се извини на своите играчи за потегот кој можеше да му донесе водство на противникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…