Дома Фудбал Италија Навивачите на Јувентус бараат Игуаин да остане (видео)

Навивачите на Јувентус бараат Игуаин да остане (видео)

Навивачите на Јувентус утрово се собраа пред тренинг центарот за да ги поздрават фудбалерите пред почетокот на подготовките.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголеми овации доби Гонзало Игуаин, кој последната година ја помина на позајмица во Милан и Челзи, но сега повторно се врати во Јувентус.

„Гонзало, остани со нас“, скандираа навивачите на „старата дама“.

И покрај фактот што Аргентинецот е миленик на навивачите, тешко дека ќе остане во Јувентус, бидејќи за него нема место во нападот.

Јувентус сака да го продаде што побрзо, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…