Дома Фудбал Англија Арсенал се откажа од Заха и тргна по играчот на Барселона

Арсенал се откажа од Заха и тргна по играчот на Барселона

Пред неколку дена англиските медиуми пишуваа дека е само прашање на време кога Евертон ќе испрати понуда вредна 35 милиони евра за играчот на Барселона, Малком.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Евертон не успеа во јануарскиот преоден рок да го донесе играчот на Барселона, кој сакаше да остане и да избори место во екипата, но во тоа не успеа.

Малком одигра вкупно 24 натпревари минатата сезона, а во шпанското првенство на само шест натпревари заигра од првата минута.

Иако Евертон сака да го донесе Малком, сега може да добие конкурент со оглед на тоа дека и Арсенал сака да се вклучи во борбата за играчот на Барселона.

Унаи Емери наводо го гледа Бразилецот како алтернатива за Вилфред Заха, кој беше мета број еден на Топџиите ова лето.

Понудата на Арсенал вредна 40 милиони фунти е експресно одбиена, а со оглед дека Кристал Палас сака да добие 70 милиони фунти за 26-годишниот играч, Емери мора да бара други опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатна ситуација: Не смеат да го победат Ливерпул ако сакаат место во Лигата на шампионите?!

Нереално сценарио се подготвува во англиската Премиер лига, такво што еден тим не смее да …