Ова лето на големо се пишува за иднината на македонскиот бисер Елиф Елмас.
Елмас тешко дека ќе остане во Фенербахче неговото име се поврзуваше со бројни клубови во Европа како: Лавио, Борусија Дортмунд, Фиорентина, Наполи, Атлетико Мадрид…
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во еден момент беше најблиску до трансфер во Атлетико медиумите најавуваа и дека тој трансфер е пред реализација меѓутоа после објавата дека Жоа Феликс сигурно пристигнува во Атлетико интересот на „јорганџиите“ за нашиот фудбалер опадна.
Сега друг клуб е фаворит за неговиот потпис и тоа е италијански Наполи.
„Скај Италија“ денес објави вест за македонскиот фудбалер и Наполи во која тврди дека Фенербахче и Наполи се во напредна фаза од преговирите и наскоро се очекува да договорот да биде постигнат.
#Napoli are reportedly locked in talks to sign #Fenerbahce midfielder Eljif Elmas https://t.co/UNJzLNM6w4 pic.twitter.com/3lqX6IQnUR
— footballitalia (@footballitalia) July 9, 2019
Ќе потсетиме, неодамна и реномираниот Џанлука Ди Марцио објави дека Елмас е еден од фудбалерите кои се примарна цел на Анчелоти во овој преоден рок.
Како што стојат работите значи Елмас е пред трансфер на „Чизмата“ останува времето да покаже дали Наполи ќе победи во трката за неговиот потпис.