Дома Фудбал Италија Анчелоти: Хамес ќе ни донесе квалитет, ќе се бориме со Јуве и Интер!

Анчелоти: Хамес ќе ни донесе квалитет, ќе се бориме со Јуве и Интер!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим ќе се бори со Јувентус и Интер за Скудетото оваа сезона.

Анчелоти смета дека „нероаѕурите“ ќе го подигнат нивото со доаѓањето на Конте и ќе бидат конкуренти за титулата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Наполи ќе се бори со Интер и Јувентус. Тие ги сменија тренерите, а ние добро се познаваме. Нема да има големи промени, но очигледно дека сакаме да се подобриме во однос на минатата сезона. Убеден сум дека оваа сезона ќе биде подобра за нас, ќе бидеме поквалитетни“, изјави Анчелоти.

Медиумите во Италија пишуваат дека Наполи е на чекор да го комплетира трансферот на Хамес Родригез од Реал Мадрид.

„Хамес сигурно ќе ни донесе поголем квалитет и поголема стабилност на тимот. Но, за жал тој се уште не е наш играч. Не сакам да зборувам за фудбалери на други клубови. Бараме играч кој може да игра на неколку позиции во средниот ред“, истакна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…