Дома Трансфер зона Дали Азар со ова најави заминување од Челзи!?

Дали Азар со ова најави заминување од Челзи!?

Еден Азар оваа сезона повторно е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, па поради тоа повторно почнаа шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид.

Не е тајна дека Зинедин Зидан е голем симпатизер на Белгиецот и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Азар за медиумите изјави дека моментално е фокусиран на Челзи и освојувањето на титулата, но не знае што носи иднината.

„Моментално нема преговори за нов договор, фокусиран сум само на оваа сезона и да ги исполниме зацртаните цели. Не размислувам за нов договор, знам дека имам уште две, три години. Сакам да ја освојам титулата, а потоа ќе размислувам за иднината“, изјави Азар.

Овие зборови ги загрижија сите во Челзи бидејќи медиумите тврдат дека Азар не е заинтересиран за нов договор, па неговото останување на „Стенфорд Бриџ“ е под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…