Марио Балотели уште некое време ќе биде слободен играч.
Италијанецот во јануари оваа година пристигна од Ница во Марсеј како слободен играч и потпиша договор на шест месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој после истекот на договорот одлучи да го напупушти овој клуб, а се поврзуваше со неколку клубови, помеѓу нив беше и Парма.
Според информациите на италијанските медиуми овој клуб понудил два милиони евра по сезона плус бонуси, но до договор не дошло.
Сега од клубот се огласија и дефинитивно потврдија дека 28 годишниот играч нема да потпише за „млекарите“.
„Се обидовме да го доведеме Балотели, но сфативме дека трошоците не се прифатливи за клуб како Парма. Тоа е разочарувачки затоа што навистина ни се допаѓа како играч, но преговорите не е можно да бидат продолжени“, изјави претседателот на Парма, Пиетро Пазароти.