Жозе Мурињо преговарал со сопственикот на најголемиот кинески клуб.
Во текот на денот се појави изјава од Мурињо во која тој порачува дека сака да остане и да работи на високо ниво и кога ќе се даде таква изјава се претпоставува дека станува збор за Европа. Меѓутоа сега излезе вест дека Мурињо преговара со газдата на најголемиот клуб во Кина Гвангжу Евергранде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемиот клуб во Кина кој два пати ја освојуваше азиската Лига на шампиони нема проблем со парите и може да обезбедува големи договори.
Од Англија пристигнува вест која говори дека Мурињо и претседателот на овој клуб Хуи Ка Јан се фотографирани на вечера.
Гвангжу за тренер во овој момент го има Фабио Канавари, но неговата позиција не е сигурна бидејќи минатата сезона ја изгуби титулата која подолго време ја освојуваше овој клуб.
Сопственикот на Гвангжу проценил дека е потребно некое големо тренерско име, а од слободните поголемо од Жозе нема.
Што на Мурињо може да му донесе авантурата на Далечниот исток? Милиони. Многу милиони. Сигурно би бил најплатениот тренер во Азија, веројатно и во светот. Би добил и пари колку што е потребно да доведе одлични играчи.
Главното прашање е дали проектот на Гвангажу е доволно амбициозен за Португалецот и дали Мурињо е спремен да се откаже од европскиот фудбал барем на некое време.