Дома Топ вести Директори на Атлетико пристигнаа во Истанбул по Елиф Елмас

Директори на Атлетико пристигнаа во Истанбул по Елиф Елмас

За македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас владее голем интерес и од ден во ден се појавуваат нови информации кои го поврзуваат Елмас со заминување од Фенербахче.

Многу европски гиганти се заинтересирани за Елмас, а последните информации од Турција говорат дека Атлетико Мадрид е најрешителен да го донесе Македонецот во своите редови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во еден момент се најавуваше дека неговиот трансфер во Атлетико Мадрид е завршена работа, но потоа во трката за Елмас се вклучија и други европски гиганти.

Попладнево од Турција одново пристигнува информација за преселба на Елиф Елмас во Мадрид. Според ТРТ Спор, директори на Атлетико пристигнале во Истанбул да го обезбедат потписот на македонскиот „дијамант“.

Финансиските детали не се познати, но се претпоставува дека Атлетико Мадрид за потписот на Елмас ќе плати околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…