Дома Фудбал Италија Милан може да стане проект на државата Катар!

Милан може да стане проект на државата Катар!

Eкипата на Милан во последните години поминува низ еден не така славен период.

„Росонерите“ веќе неколку години се обидуваат, но никако не успеваат да се вратат на победничките патеки.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Силвио Берлускони кој владееше 30 години во клубот ги продаде „росонерите“ на кинескиот бизнисмен Ли Јонгхонг. Кинезот беше дочекан на голема врата, но му се случи катастрофа. Јонгхонг не успеа да ги врати ратите од кредитот кој го зема во текот на летниот преоден рок и клубот падна во рацете на инвестициониот „Елиот Фонд“.

Тие веќе повеќе од една година се во клубот, а сега во медиумите во Италија се појавија информации дека државата Катар има намера да го купи италијанскиот гигант преку своите инвестициони фондово.

Дел од медиумите пишуваат дури и дека е закажан состанок на луѓето од „Елиот Фондот“ и Катарците во Рим. На тој состанок се очекува да се разговара за потенцијалното влегување на Катарците во Милан.

Ќе потсетиме на сличен начин државата Катар раководи со Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…