Атлетико Мадрид потврди дека се разделува со одличниот играч за врска.
Атлетико ова лето ќе прави смена на една генерација. После Лукас Ернандез, Диего Годин, Хуанфран, Фелипе Луис, Желсон Мартинс и наскоро Антоан Гризман денес Атлетико го напушти и Родри.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот играч за врска околу 13 часот дојде лично во просториите на Ла Лига и ја плати клазулата за да се пресели во Манчестер Сити. Родри на Ла Лига и ги исплати сите 70 милиони евра и сега повеќе нема никакви прпреки да ги помине прегледите и да потпише со Сити.
Родри ќе биде второ најскапо засилување во историјата на Сити. На врвот ќе остане Кевин Де Брујн со 76 милиони евра, но затоа ќе го прескокне Ријад Марез кој минатото лето беше платен 67.8 милиони евра.
Manchester City pays Rodrigo's buyout clause at LaLiga headquarters. The player has unilaterally terminated his contract with our club.
? https://t.co/MV0RpPtQ9u— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 3, 2019