Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин се врати во Јувентус откако му истече позајмицата во Челзи.
Игуаин го напушти Јувентус минатото лето кога премина во Милан на позајмица, но после само шест месеци се пресели во Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сините“ го доведоа на позајмица до крајот на сезоната и изгледаше дека ќе го откупат неговиот договор. Но, тоа не се случи Аргентинецот се врати во Јувентус, но како што стојат работите нема долго да се задржи.
Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари се обидел да ги убеди луѓето во Јувентус да се откажат од продажбата на Аргентинецот, меѓутоа не успеал. Јувентус донел конечна одлука
Игуаин да биде ставен на трансфер листата и одредиле цена за него.
Игуаин може да замине ако некој клуб за него плати 30 милиони евра. Овој 31 годишен напаѓач најмногу се поврзуваше со Рома каде што би требало да пристигне како замена за Един Џеко.