Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед со нова понуда за Де Геа

Манчестер Јунајтед со нова понуда за Де Геа

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Де Геа за нов договор продолжуваат, па „црвените ѓаволи“ испратиле нова, подобрена понуда до голманот.

Само пред неколку дека Манчестер го официјализираше новиот договор на Маркус Рашфорд, па сега раководството ќе се насочи кон продолжување на соработката со Давид де Геа.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Двете страни водеа преговори преку целата мината сезона, но не успеаа да најдат заенички јазик. Договорот на Шпанецот истекува следното лето, па поради тоа на „црвените ѓаволи“ им се брза.

Де Геа сака покачување на платата, а новата понуда од раководството е 350.000 фунти неделно, пренесуваат англиските медиуми.

Сега се чека одговор на Де Геа, но на „Олд Трафорд“ се оптимисти дека голманот ќе ја прифати оваа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона конечно дочека: Викендов се враќа во својот дом!

Фудбалерите на Барселона конечно ќе се вратат на легендарниот стадион Камп Ноу, а каталонс…