Дома Трансфер зона Откриена листата желби на Рома

Откриена листата желби на Рома

Рома ова лето ќе направи голема реконструкција на тимот, а италијанските медиуми ја открија листата желби на новиот тренер Паоло Фонсека.

Манолас веќе го напушти „Олимпико“, а се очекува до крајот на преодниот рок уште неколку важни фудбалери да бидат продадени, па поради тоа на „волчицата“ ќе и бидат неопходни засилувања.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Гонзало Игуаин и понатаму е прва желба на раководството. Аргентинецот се смета како идеална замена за Един Џеко, кој е на излезна врата.

Меѓутоа, оваа цел ќе биде тешко остварлива, прво поради големата плата на напаѓачот, второ Игуаин во моментов одбива да се пресели во Рома.

„Волчицата“ ова лето сака да донесе двајца дефанзивци. Првата мета е Марк Бартра од Бетис, како и Џанлука Манчини од Аталанта.

Што се однесува до средниот ред, постигнат е договор со Каљари за Николо Барела, кој пак преферира трансфер во Интер, а втората желба е Џордан Верето од Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…