Дома Фудбал Буфон и Јувентус се договорија, се чека само официјализација

Буфон и Јувентус се договорија, се чека само официјализација

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон на големо изненадување се враќа „дома“, откако постигна договор со Јувентус.

Како што известува новинарот на „Скај Италија“ Џанлука Ди Марцио, 41-годишниот Буфон постигнал комплетен договор со италијанскиот шампион.Останува само двете страни да ја официјализираат соработката.

За потсетување, Буфон бранеше за Јувентус цели 17 сезони, од 2001 до 2018 година и за „бјанконерите“ има вкупно 656 настапи.

Минатата сезона беше дел од Пари Сент Жермен каде ја освои титулата во Лига 1 и бранеше на 25 натпревари во сите натпреварувања, на кои прими вкупно 25 гола.

Раководството на Јувентус најави дека по завршување на кариерата ќе му понуди на Буфон да остани да работи во клубот како директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…