Toтенхем денес конечно го доведе првото засилување после година ипол пауза!
Популарните „петли“ од Лондон го ангажираа Џек Кларк кој доаѓа од Лидс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој со клубот денес потпиша договор на четири сезони, но веднаш ќе се врати Лидс каде што ќе игра како позајмен фудбалер.
Станува збор за 18 годишен крилен фудбалер кој зад себе има солидна сезона во Чемпионшип. Дебитираше за првиот тим на Лидс кон крајот на минатата година, а веќе денес може да се пофали дека е дел од еден од најголемите клубови на Островот во овој момент.
Инаку пред Кларк последно засилување за Тотенхем беше Лукас Моура. Тој во клубот пристигна кон крајот на јануари минатата година или пред точно 517 дена.
✍️ We are delighted to announce the signing of Jack Clarke from Leeds United.
He has agreed a contract with the Club until 2023 and will return to the Championship side on loan for the 2019/20 season.? Get the latest on our Spurs Official app ?#WelcomeJack ⚪️ #COYS
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 2, 2019