Вардар оваа година по втор пат стана европски шампион, а со тоа и се здоби со голем број фанови ширум Европа.
Во сезоната во која констатно се најавуваа црни сценарија ракометарите на Вардар успеаа уште еднаш да се искачат на тронот на Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веројатно токму поради ситуацијата и финаниските проблеми кои и беа познато на јавноста Вардар стана омилен помеѓу голем број ракометни фанови.
Ова не се само наши зборови, туку тоа го потврдува и статистиката која докажува дека Вардар е во топ 10 омилени клубови во Европа.
На социјалните мрежи се појави една фотографија со статистика која ги рангира клубовите според нивната популарност на Фејсбук, Твитер и Инстаграм и според таа статистика Вардар е пласиран на деветтата позиција со 184.000 фанови.
Ќе потсетиме црвено-црните пред неколку дена ги дознаа противниците за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Вардар ќе игра во групата Б со:Веспрем, Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпеље, Порто и Кил.