Дома Трансфер зона Играчот на Реал пристигна на прегледи во Милано!

Играчот на Реал пристигна на прегледи во Милано!

Левиот бек на Реал Мадрид, Тео Хернандез попладнево пристигна во Милано на лекарски прегледи.

Милан веќе постигна договор со Реал Мадрид за трансфер вреден 18 милиони евра, а Хернандез ќе потпише 5-годишен договор вреден 1,8 милиони евра по сезона


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Играчот утре треба да ги помине рутинските лекарски прегледи, а потоа и официјално да биде промовиран како ново засилување на „росонерите“.

Хернандез на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2017 година за 24 милиони евра од градскиот ривал Атлетико Мадрид. Поради големата конкуренција не се избори за голема минутажа, па минатата сезона ја помина на позајмица во Реал Сосиедад каде одигра 28 натпревари.

Милан е убеден дека 21-годишниот Французин ќе биде идеално засилување за левата бековска позиција, а тоа најверојатно ќе значи заминување на Рикардо Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…