Дома Останати Авто Мото Виналес го победи Маркез за Големата награда на Холандија

Виналес го победи Маркез за Големата награда на Холандија

Маверик Виналес стигна до првата победа оваа сезона на Мото ГП откако триумфираше за Големата награда на Холандија.

Возачот на Јамаха 25. кругови на стазата во Асен ги помина за нешто повеќе од 40 минути.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во една возбудлива трка Виналес триумфираше пред Марко Маркез и Фабио Квартараро кој неколку кругови беше на лидерската позиција.

Валентино Роси беше еден од трагичарите со оглед на тоа дека во 11. круг излета од стазата, а заедно со него го исфрли и Накагами на кој му беше укажана и лекарска помош.

Со оглед на тоа дека Андреа Довициозо низ целта помина како четврти, Маркез со освоеното второ место дополнително се зацврсти на водечката позиција во генералниот пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Германски таблоид ќе плати 200.000 евра оштета на семејството на Шумахер

Германскиот таблоид „Де Актуеле“ пред една година го објави наводното „прво интервју со Ми…