Дома Топ вести Погба побарал состанок – ги моли „црвените ѓаволи“ да го пуштат

Погба побарал состанок – ги моли „црвените ѓаволи“ да го пуштат

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба пред извесно време јавно призна дека сака нов предизвик во кариерата, па неговата иднина е се уште не јасна.

Французинот побарал средба со менаџерот со цел лично да го замоли за трансфер во редовите на Реал Мадрид, пренсуваат медиумите на Островот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Подготовките на „црвените ѓаволи“ почнуваат следната сезона, а Погба пред почетокот ќе има состанок со тренерот Солскјер за да му објасни дека сака да ја промени средината.

Најсилен интерес за Погба покажува Реал Мадрид, но проблем е високата цена од 150 милиони евра која ја бараат „црвените ѓаволи“.

Погба верува дека Солскјер може да му помогне и да ја олесни ситуацијата за сите страни, но генералнот директор Ед Вудворд не е заинтересиран за негова продажба и ќе се обиде да го убеди Французинот да остане на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …