Полскиот возач на Ферари, Леклерк ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Леклерк стигна до втората пол позиција во кариерата, но со извозените 1:03.003 постави нов рекорд на стазата.
Зад него заврши Луис Хамилтон од Мерцедес со 1:03.262, а третопласиран во квалифиациите заврши Макс Верстапен од Ред Бул со 1:03.439.
Потоа следуваат Ботас, Магнусен, Норис, Раиконен, Џовинаци, Пјер Гасли и на десетата позиција се пласира Себастијан Фетел од Ферари.
Трката за големата награда на Австрија се вози цо недела со почеток во 15.10 часот.
Да потсетиме, Фетел, Верстапен и Ботас имаа многу проблеми утрово на тренингот, особено Ботас и Верстапен бидејќи со болидите удрија во заштитната ограда откако изгубија контрола на стазата.
. @Charles_Leclerc : Come on baby, YES! Feels good. On the other hand, very sorry for the team and for Seb!#F1 #AustrianGP ?? #Charles16 pic.twitter.com/LL42BtP3AK
— Charles Leclerc #16 (@LeclercNews) June 29, 2019