Дома Фудбал ОДБРАНА НА ГОДИНАТА: Оспина има неверојатен рефлекс!

ОДБРАНА НА ГОДИНАТА: Оспина има неверојатен рефлекс!

Голманот на репрезентацијата на Колумбија, Давид Оспина со неверојатна одбрана на натпреварот против Чиле го воодушеви фудбалскиот свет.

Оспина кој не прими ниту еден гол од игра на Копа Америка, со одличен рефлекс на гол линијата го спречи Чиле да дојде до гол предност.

Во 12. минута од натпреварот, Фуенсалида помина по десната страна и центрираше во казнениот простор, каде што Арангис многу добро шутираше. Многумина топката ја видоја во мрежата, но Оспина со одлична реакција го одбрани овој шут.

Колумбија на Копа Америка не прими ниту еден гол од игра, меѓутоа нема да игра во полуфиналето, бидејќи Чиле по пеналите беше подобар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Минути во Реал нема, но Мурињо има желба за Ендрик кај Анчелоти

Ендрик добива малку простор во Мадрид, а Мурињо се надева дека напаѓачот ќе игра повеќе во…