Како што наведуваат медиумите Матијас Де Лихт е многу блиску до трансфер во Јувентус, а поранешниот тренер на овој тим и селектор на кинеската фудбалска репрезентација, Марчело Липи зборуваше со пофални зборови за холандскиот стопер.
За 19 годишниот Де Лихт Јувентус би требало да плати 80 милиони евра. Со овој фудбалер се пиврзуваа Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Барселона, но Јувентус изгледа ја доби трката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Човекот кој на два пати беше тренер на Јувентус е воодушевен од квалитетите на Холанѓанецот.
„Мислам дека нема подобро засилување од Де Лихт за Јувентус во овој момент. Многу е силен физички и е исклучително интелигиентен. Не треба да се споредува, но јас имав прилика да гледам голем играчи како Неста, Барези, Малдини, Канаваро, Матерации...Но, никогаш не сум видел некој кој е толку добар во тие години“.
„Јувентус со него ќе добие многу квалитет. Тоа ќе биде клучот Јуве да биде уште посилен и Лигата на шампионите ќе мора да биде главна цел“, изјавиИ