Раиола се изборил за голема плата за својот фудбалер.
Матијас Де Лихт изгледа ги договорил сите детали со Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Холанѓанец кој важи за најталентиран во својата генерација заедно со својот менаџер од Јувентус барал 12 милиони евра по сезона и на крајот тоа и го добил за потпис на петгодишен договор. На Ајакс Јувентус ќе му плати 70 милиони евра. Во договорот на Де Лихт се најавува и дека ќе има откупна клазула во износ од 150 милиони евра.
Juventus have agreement with de Ligt for his contract: 2024, €12M/season [add ons included, precisely €8M + add ons].
There will be a release clause into his contract with Juve (around €150M).
Juve will now start talks with Ajax. PSG still in the race.#transfers #Juve ???
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 26, 2019
Очекувањата на скоро сите поголеми италијански медиуми се зделката да биде завршена многу брзо (во следните два три дена).
Ако се остварат очекувањата Де Лихт ќе биде првото засилување за Сари.
Де Лихт беше на мета и на останатите гиганти, пред се Барселона, но тој го избра Јувентус за клуб каде што ќе се развива.
Младиот стопер се уште не открил јавно каде ќе ја продолжи кариерата, но неговата последна изјава многумина ја сметаат за индиректна потврда за преселба во Јувентус.
„Се се одвива некако пребрзо. Во текот на сезоната со клубот игравме во неколку натпреварувања и немав време да размислам за се. Сега кога бев со пријателите од детството на вечера зборувавме за многу работи. На крајот донесовме заклучок дека секогаш сум сакал да бидам како Кристиано Роналдо кога како деца игравме фудбал. Го обожавав додека беше уште во Манчестер. Мојот прв дрес беше од Роналдо“, изјави Де Лихт.