Градските ривали Јунајтед и Сити го информирале раководството на Лестер дека веднаш се спремни даплатат 65 милиони фунти (73 мил.евра) за дефанзивецот Хари Мекгваер.
„Скај Спорт“ информира дека преговорите течат веќе неколку недели, но се уште не се ни блиску да бидат финализирани. Проблемот е што Лестер за слободата на Мекгваер бара помеѓу 75 и 80 милиони финти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата недела се појавија информации дека Манчестер Сити е многу блиску од Мекгваер и дека ги договорил личните услови со англискиот репрезентативец.
Меѓутоа, „граѓаните“ се уште не можат да постигнат договор со Лестер, а тоа им дава надеж на „црвените ѓаволи“, кои се уште се во игра за потписот на дефанзивецот.
Медиумите тврдат дека двата клуба нема да ја зголемат понудат и дека Лестер на крајот ќе „попушти“, а Мекгваер ќе одлучи дали да го облече синиот или црвениот дрес.