Започнува нова ера на „Стенфорд Бриџ“!
Уште пред да биде потврдено заминувањето на Маурицио Сари, се шпекулираше за тоа кој би можел да биде новиот тренер на Челзи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Главен фаворит веќе подолго време е Френк Лампард, легендата на клубот кој во овој момент е тренер на Дерби во втората англиска лига. Во изминатата сезона Лампард со Дерби играше во финалето од плеј-офот.
Денес поголемиот број англиски медиуми објавуваат дека Лампард ќе биде новиот тренер на Челзи и ќе биде претставен во наредните 48 часа.
Освојувачот на Лигата на Европа ќе плати четири милиони фунти како компезација, а Лампард ќе го чека тешка задача во клубот кој има статус на легенда.
„Сините“ се изборија за место во Лигата на шампионите, но ќе мораат да продолжат без Еден Азар, а поради забраната за трансфери не ќе можат да донесат негова адекватна замена.