Германскиот репрезентативец Матс Хумелс го одбил Манчестер Јунајтед пред да се врати во Борусија Дортмунд, открива „Спорт Билд“.
30-годишниот Германец се одлучи да го напушти Баерн Минхен и за 38 милиони евра се врати во Борусија Дортмунд каде потпише договор до 2022 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„По преговорите со Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, брзо ми стана јасно дека мојот дом на фудбалски план е Борусија Дортмунд. Имав шанса да запознаам одлични луѓе во Баерн и да доживеам неверојатни моменти. Секој што ме познава знае дека Минхен ќе ми остане секогаш во срцето, но Дортмунд е мојот дом“, изјави Хумелс.
Хумелс имал понуда и од Манчестер Јунајтед, кој е во потрага по квалитетен дефанзивец, но Германецот ги одбил „црвените ѓаволи“ со изговор дека сака да игра во Лигата на шампиони, открива „Билд“.