Дома Фудбал Репрезентации Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Пред почетокот на Афричкиот Куп на нации камерунските репрезентативци одбија да отпатуваат во Египет, бидејќи фудбалскиот сојуз во таа земја не им го исплатил договорениот бонус (30.000 евра за секој играч).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овие премии биле договорени претходно, но ниту Сојузот ниту Владата на Камерун не го исполниле ветувањето.

Селектор на Камерун е славниот холандски репрезентативец Кларенс Сидорф, кој сега се најде во незавидна ситуација.

Помош побара и од најдобриот камерунски играч на сите времиња Самуел Ето, кој ќе дојде во земјата да поразговара со играчите и ќе се обиде да ги убеди да ја променат одлуката.

Инаку, Камерун е фаворит за титулата, а во групната фаза треба да се сретне со Гана, Гвинеја и Бенин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер официјално го врати српскиoт репрезентативец, избран за најдобар млад играч во Белгија

Интер официјално објави дека ја искористи клаузулата за обратно откупување, за повторно да…