Фудбалерите на Аргентина рано утрово по наше време одиграа 1:1 против Парагвај на Копа Америка.
Гаучосите на тој начин продолжија со очајните игри, а селекторот Лионел Скалони порача дека е важно што екипата е се уште жива.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаме среќа што се уште сме живи, мораме да се бориме и да го победиме Катар во последното коло.“ – изјави на прес конференцијата после натпреварот селекторот на Аргентина.
Интересно, Гаучосите сега имаа реални шанси да испаднат уште во групната фаза. Моментално се последни во групата Б со еден бод од два натпревари, а пред нив се Колумбија, Парагвај и Катар.
Аргентинците во последното коло мора да го победат Катар за да има на што да се надеваат, а во тој случај ќе мора да го имаат во полза и резултатот од вториот натпревар во кој се среќаваат Колумбија и Парагвај.
Доколку Парагвај оствари победа против Колумбија, кои веќе обезбедија пласман понатаму, тогаш Аргентина сигурно ќе испадне.