Дома Трансфер зона Изненадувањето во Манчестер кое вчера беше највено денес доби официјална потврда

Изненадувањето во Манчестер кое вчера беше највено денес доби официјална потврда

Веста која вчера беше најавена како изненадување денес доби официјална потврда – Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мата за клубот од „Олд Трафорд“ одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 45 голови во сите натпреварувања.

„Вистинска чест претставува играњето за овој клуб. Во Манчестер Јунајтед сум веќе пет години и горд сум што можам „Олд Трафорд“ да го наречам дом. Се радувам на соработката со Оле Гунар Солскјер и неговиот стручен штаб. Визијата која тој ја поседува е интересна и мило ми е што сум дел од тоа“, изјави Мата.

Мата со Јунајтед освои по еден трофеј во ФА Купот, Лига Купот, Лига Европа и Комјунити Шилд. Договорот на Мата е продолжен до 2021 година, но во истиот има опција за продолжување на уште една.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…