Дома Фудбал Германија Стигна потврда: Хумелс е нов играч на Борусија Дортмунд!

Стигна потврда: Хумелс е нов играч на Борусија Дортмунд!

Откако претходните денови се пишуваше дека играчот на Баерн, Матс Хумелс би требало да премине во Борусија Дортмунд, тоа денеска е потврдено и официјално.

Баварците за 30-годишниот дефанзивец би требало да добијат 38 милиони евра плус бонуси, а ќе потпише тригодишен договор со заработка од 9 милиони евра по сезона, односно три помалку од досегашните.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хумелс играше за Борусија Дортмунд од 2009. до 2016. година, а тогаш за 35 милиони премина во Баерн. Со Баварците три пати ја освои титулата во Бундеслигата.

Минатата сезона за Баерн одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два погодока.

Така, клубот од Дортмунд продолжи со засилувањата за наредната сезона, а пред Хумелс во клубот пристигнаа Брант, Торган Азар и Шулц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…