Се е договорено и постои голема веројатност Атлетико Мадрид уште денес да го објави трансферот на Жоао Феликс од Бенфика, пренесува „АС“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
19-годишната португалска ѕвезда веќе неколку дена е во Мадрид, ги поминал лекарските прегледи и наводно ставил потпис на петгодишен договор со „јорганџиите“.
Атлетико Мадрид е спремен да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра и веќе ја известил Бенфика, па трансферот е само прашање на време.
„Јорганџиите“ во Португалецот гледаат идеален наследник на Гризман, кој најави заминување од клубот.
Joao Felix has agreed Atletico Madrid move. €120m pic.twitter.com/KXIETAO21F
— Transfer News – insider ? (@Agent_Edward) June 18, 2019
„Работиме на трансферот на Жоао Феликс. Атлетико е клуб кој купува млади фудбалери и ги развива во големи шампиони, како Облак, Хименез, Гризман… Сакаме талентиран играч кој може да се вклопи во нашите идеи“, изјави Симеоне.
Атлетико ја победи големата конкуренција за младиот Португалец, кој во Мадрид ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Ова ќе биде најскап трансфер во историјата на Атлетико, но и на мадридскиот фудбал воопшто, бидејќи најскапиот трансфер на Реал изнесува 110 милиони евра.
https://youtu.be/bBVBn5NtLag