Легендарниот италијански стопер Алесандро Неста со професионалниот фудбал како играш заврши во 2014. година, кога заврши неговата авантура во Индија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Набрзо влезе во тренерските води, а зад него се веќе два ангажмани на таа позиција.
Првиот му беше во МЛС лигата со Мајами, а минатата сезона ја предводеше екипата на Перуџа.
Неста не успеа да ја внесе Перуџа во Серија А, а откако беше елиминиран во плеј-офот од Верона ја раскина соработката со овој клуб.
Сепак, не чекаше долго на новиот ангажман.
Имено, Алесандро Неста повторно ќе работи во Серија Б откако беше официјално потврден како нов тренер на Фросиноне, екипа која претходната сезона не успеа да го зачува статусот на прволигаш.
Неста со Фросиноне потпиша двегодишен договор, а во среда би требало да биде и официјално претставен во новиот клуб.
✍? Alessandro Nesta è il nuovo allenatore del #FrosinoneCalcio
? Benvenuto Mister!➡️ https://t.co/WGYmTgL4Fp pic.twitter.com/BX1aTlUEmB
— Frosinone Calcio (@Frosinone1928) June 17, 2019