Дома Фудбал Англија Може ли Тотенхем со овој тим да ја освои титулата во Премиер лигата?

Може ли Тотенхем со овој тим да ја освои титулата во Премиер лигата?

Eкипата на Тотенхем зад себе има многу добра сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тотенхем во Премиер лигата завршија на четвротот место, но во Лигата на Шампионите успеаа да дојдат до финалето, каде што беа поразени од Ливерпул (2:0). Тренерот на лондонскиот тим, Маурисио Покетино во текот на сезоната имаше доста проблеми со повредените фудбалери и тоа можеби е главниот проблем што Тотенхем имаше падови во формата во одредени делови од сезоната. Сепак, Покетино и во следната сезона ќе има на располагање навистина одличен тим, а тој ова лето би можел да биде и доста засилен.

Многу фудбалери се поврзуваат со доаѓање во редовите на Тотенхем, а ако се остварат нивните цели, Тотенхем без дилема би бил кандидат за висок пласман. Бруно Фернандес е играч кој Покетино силно го сака. За него водат битка со Манчестер Јунајтед и Португалецот наскоро ќе донесе одлука каде сака да ја продолжи својата кариера. Дефанзивниот дел од екипата би требало да го засилат младиот бек на Фулам, Рајан Сесегнон и холандскиот дефанзивец Натан Аке. Двајцата се поврзуваат со трансфер во Тотенхем и наводно работите се блиску до реализација.

Големо засилвуање би можело да пристигне и во средниот ред. Играчот на Лион, Тангуј Ндомбеле наводно веќе се договорил со Тотенхем и сигурно дека ќе биде огромно засилување. Составот кој Тотенхем би можел да го има на располагање изгледа одлично, но прашање е дали овој тим би можел да се спротистави на Манчестер Сити и Ливерпул во борбата за титулата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Омерагиќ се сретна со турскиот колега – им посака и среќа на Мундијалот! (Фото)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со п…