Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Ливерпул имало неуспешен обид да ја ангажира младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио.
Познато е дека Јирген Клоп сака да донесе квалитетен крилен напаѓач на „Енфилд“, се споменуваа многу имиња, но сега „Индепендент“ открива дека најголема желба на „црвените“ е токму Марко Асенсио.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Имено, Ливерпул испратил понуда од 40 милиони фунти за неговиот потпис, но Реал експресно ја одбил и им ставил до знаење дека Асенсио не е на продажба.
Зидан има голема доверба во овој млад фудбалер кој веќе прерасна во голема надеж не само на Реал Мадрид, туку и на шпанскиот фудбал.