Дома Фудбал Репрезентации ВАР е нешто друго во Јужна Америка: Бразил доби пенал после пет минути прекин (ВИДЕО)

ВАР е нешто друго во Јужна Америка: Бразил доби пенал после пет минути прекин (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил вчера ја победија Боливија со 3:0 во првиот натпревар од Копа Америка.

„Кариоките“ на одличен начин ја отворија Копа Америка и лесно стигнаа до победа против Боливија. Бразил доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено славеше со 3:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Боливија некако ја чуваше мрежата до 50-тата минута, но тогаш Кутињо постигна гол од пенал за 1:0 и играта на оваа селекција се распадна.

Но, тој пенал е нешто за кое ќе се зборува. Имено во 46-тата минута Жусино играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата Нестор Питана само одмавна со раката.

Меѓутоа, Бразилците веднаш се жалеа и бараа да се прегледува ВАР, Питана тоа и го направи. Но, неверојатно е дека целата таа ситуација со ВАР траеше пет минути.

Откако не успеа да се сложи со помошниците од ВАР собата Питана отиде да погледне спорниот момент и одлучи да ја промени одлуката. Сепак, впечаток е дека таа одлука можеше да биде донесена за минута или две, а не за скоро пет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…