Дома Фудбал Роберто Мартинез: Азар ќе ја промени иднината на шпанскиот фудбал

Роберто Мартинез: Азар ќе ја промени иднината на шпанскиот фудбал

Селкторот на Белгија, Роберто Мартинез е убеден дека Реал Мадрид направил вистински потег со ангажманот на Еден Азар.

Реал Мадрид денес го претстави Азар на спектакуларен начин пред преполн „Сантиаго Бернабеу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тој е ѕвездено засилување. Има многу играчи со талент да играат во Реал Мадрид, но нема толку многу кои можат да бидат лидери во еден клуб како овој. Еден Азар има силен карактер. Тој има магија и менталитет на победник“, истакна Мартинез.

„Азар ќе ја смени иднината на шпанскиот фудбал. Тој даде лекција за трпение и вистински вредности. Неговиот сон беше да игра за Реал уште од дете бидејќи му се восхитувал на Зидан како фудбалер. Зидан и Азар сигурно ќе имаат посебен однос, со голема почит“, заклучи белгискиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави видео:Откриена новата девојка на Јамал, повозрасна е од него! (Видео)

Осумнаесетгодишниот суперталент на Барселона, Ламин Јамал, веќе се истакна не само на фудб…