Вардар оваа сезона уште еднаш ја израдува македонската јавност и ја освои втората европска титула после онаа во 2017 година.
И покрај сите проблеми кои ги имаа надвор од теренот ракометарите на Вардар херојски играа на фајнл-фор турнирот прво со епски пресврт ја победија Барселона, а потоа во финалето беа подобри од Веспрем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак и покрај тоа неколку ракометари го напуштаат Вардар.
Денес преку својата Фејсбук страна Вардар им се заблагодари на Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Глеб Калараш, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.
„Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.
Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех.СРЕЌНО!“, стои во објавата на Вардар