Френк Лампард (40) е во преговори со Челзи за да го наследи Маурицио Сари кој е пред заминување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанецот ги „пакува куферите“ и се очекува да се пресели во Јувентус, а во Челзи изгледа веќе се во потрага по негова алтернатива, навивачите сигурно ќе бидат задоволни.
Иако, Лампард зад себе има скромно тренерско искуство уште во првата сезона успеа да стигне со Дерби Каунти до финалето од плеј-одот за влез во Премиер лигата, сепак таму беа поразени од Астон Вила.
Но, како што сега стојат работите Лампард е блиску да работи во Премиер лигата и тоа на за него веројатно најубавото место – каде што ужива статус на вистинска икона.
Англиските медиуми пренесуваат дека капитенот на тимот веќе разговарал со управата на Челзи и изгледа се оди во посакуваниот правец за двете страни.
Во Челзи истовремено работат на отстранувањето на забрната за трансфери изречена поради пркршоци во трансферите на млади фудбалери под 16 години. Лондонскиот клуб поднесе жалба и се надева на позитивен епилог
Френк Лампард во Челзи помина дури 13 години и нема сомневање дека навивачите ќе бидат задоволни ако клубот даде шанса нивната клупска легенда.