Долго време во медиумите се пишува за иднината на Маурицио Сари, а сега изгледа дека неговото замимување го потврди акционерот во Челзи, Хасан Нагор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за бизисмен од Саудиска Арабија кој има акции англискиот гигант.
Нагор на својот Инстаграм профил објави фотографија од Сари како „стори“ на која напиша: „Ти благодарам Сари“.
Заминувањето на Сари се очекува да се случи веќе подолго време. Скоро сите италијански медиуми вклучувајќи го и познатиот Џанлука Ди Марцио објавија дека се е договорено и се чека само официјална потврда дека Сари ќе биде наследникот на Масилијано Алегри во Јувентус.
Сега ова е само уште една најава дека Сари ќе пристигне во Торино.
