Дома Трансфер зона Мурињо договори играч од ПСЖ!?

Мурињо договори играч од ПСЖ!?

Еминентниот француски весник „Екип“ тврди дека играчот на Пари Сент Жермен, Серж Орие од следната сезона ќе игра за Манчестер Јунајтед.

Весникот тврди дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ се договориле околу пристигнувањето на 24-годишниот бек на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ за него ќе платат 20 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се претпоставуваше дека играчот од Брегот на Слоновата Коска ќе го напушти Париз, не поради игрите на теренот, туку поради инцидентите кои ги правеше надвор од него.

Тој инаку заработи два месеци затвор поради напад на полицаец, моментално е под истрага на ФИФА поради гестот со кој симулираше „колење“ на еден натпревар на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска како закана кон противникот.

Сепак, на Мурињо ваквите детали воопшто не му сметаат бидејќи верува дека Орие ќе биде одлично засилување за десната бековска позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…