Вечерва репрезентацијата на Македонија ќе се сретне со Австрија во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а после овој натпревар фудбалерот кој многу ветува нашиот Елиф Елмас би требало да го комплетира најголемиот трансфер во кариерата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во текот на оваа недела претставници на шпанскиот Алтетико Мадрид ќе допатуваат во Инстанбул и ќе одржат состанок со Фенебахче со кој ќе треба да ги договорат последните детали за трансферот на Елмас.
Едни од најголемите турски медиуми „Фанатик“ и „Хуријет“ пишуваат дека трансферот на Елмас ќе биде потврден и официјализиран во текот на оваа недела.
Според информациите Атлетико Мадрид и Фенебахче се договориле за сума од 14 милиони фунти. Освен информациите за Елмас „Фанатик“ пишува дека на истата средба може да биде договорен и трансферот на Никола Калиниќ кој би тргнал во спротивна насока.