Дома Фудбал Италија Робен се понуди на клуб од Серија А

Робен се понуди на клуб од Серија А

Холандскиот крилен фудбалер Арјен Робен би можел од следната сезона да биде член на италијански клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Робен на крајот од овој месец станува слободен играч откако му истекува договорот со Баерн и познато е дека Холанѓанецот ќе го напушти Минхен, но се уште не е познат новиот тим.

Поранешниот играч на ПСВ, Челси и Реал Мадрид наводно сака да игра во Серија А, и според некои медиуми тој му се понудил на Лацио.

Калчомеркато пишува дека претставници на Робен го контактирале Лацио и порачале дека играчот е спремен да дојде во Рим.

Робен оваа сезона запиша 19 настапи и постигна шест погодоци. Со Баерн ја освои двојната круна за крај на богатата кариера во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголемиот навивач на Лео Меси има 100 години! Бабата ја освои публиката на Светското првенство /ФОТО/

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, продолжува да испишува историја на Светс…