Голманот на англиската репрезентација, Џо Харт се враќа во Премиер лигата, но сигурно нема да остане во редовите на Манчестер Сити.
Англиските медиуми денес пренесуваат дека Сити ја прифатил понудата на Ливерпул и Џо Харт од следната сезона ќе настапува на „Енфилд“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Англичанецот мораше да замине од „Етихад“ бидејќи не беше по желба на Гвардиола, па оваа сезона брани на позајмица во Торино, но многу клубови од Премиер лигата го сакаат во своите редови.
Денес англиските медиуми пренесуваат дека Сити и Ливерпул веќе постигнале договор и дека „црвените“ за Харт ќе платат 23 милиони евра.
Клоп беше во потрага по квалитетен голман, бидејќи многумина сметаат дека Мињоле е најслабата точка во тимот, па Џо Харт сигурно ќе биде големо засилување за тимот од „Енфилд“.