Дома Трансфер зона Бензема: Азар е идеално засилување – Реал спреми „стотка“

Бензема: Азар е идеално засилување – Реал спреми „стотка“

Карим Бенззема смета дека белгискиот репрезентативец од редовите на Челзи, Еден Азар, би било идеално засилување за „кралевите“ во иднина.

Последните неколку месеци се погласни се шпекулациите за евентуалното заминување на Азар од Челзи и преселба во Реал Мадрид.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Азар е неверојатен играч, не знам што ќе кажете вие на тоа, и не знам кои се точно шпекулациите за негов трансфер во Реал, но скоро сигурен сум дека тој ќе биде одлично засилување за нас доколку дојде во Мадрид“, смета Бензема.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е спремен да плати 100 милиони фунти за да го донесе Азар на „Сантиаго Бернабеу“ и со тоа да постави нов трансфер рекорд.

„Кралевите“ ова лето најверојатно ќе ги продадат Хамес Родригез и Алваро Мората, па ќе соберат финансиски средства за ангажман на Еден Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …