Дома Фудбал Уште една тешка повреда за Нејмар: Со солзи на лицето го напушташе теренот (ВИДЕО)

Уште една тешка повреда за Нејмар: Со солзи на лицето го напушташе теренот (ВИДЕО)

Бразил со головите на Ричарлисон и Габриел Жесус во пријателски натпревар го совлада Катар со 2:0, но овој натпревар го обележа тешката повреда на најскапиот играч во светот.

Откако поради повредата на стапалото пропушти добар дел од сезоната Нејмар сега повторно сериозно се повреди.

Нејмар беше заменет после само 20 минути игра, а повредата навистинане изгледа добро.

Ѕвездата на ПСЖ заплака на клупата, за потоа со помош на луѓе од таборот на репрезентацијата на Бразил да замине во соблекувалната.

Фудбалскиот сојуз на Бразил потврди дека се работи за фрактура на лигаментите на десниот зглоб и Нејмар нема да игра на претстојната Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…