Дома Трансфер зона Ходсон-Одој се предомисли, останува во Челзи

Ходсон-Одој се предомисли, останува во Челзи

18-годишниот талент на Челзи, Калим Ходсон-Одој се согласил да потпише нов договор со клубот, пренесуваат медиумите на Островот.

Во јануари „сините“ одбија неколку богати понуди од Баерн Минхен за крилниот фудбалер, иако самиот играч испрати молба за трансфер.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Баварците се уште се заинтересирани за Ходсон-Одој, но младиот Англичанец се предомислил и сега е спремен да потпише нов договор со Челзи.

„Сините“ се спремни да му понудат 100.000 фунти неделна плата, но и поголема минутажа следната сезона.
Притоа, Челзи е спремен да му го понуди и дресот со број „десет“ кога ќе се комплетира трансферот на Азар во Реал Мадрид, бидејќи во него гледаат легитимен наследник на Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…